Трикови за вашиот омилен напиток: Како да спасите лошо направено кафе?

Трикови за вашиот омилен напиток: Како да спасите лошо направено кафе?

За многумина љубители на кафето важи правилото дека ако денот започне со лошо направено кафе, цел ден ќе биде за никаде. Ако и вие се чувствувате така кога ќе си го утнете утринското кафе, овие совети можат да ви помогнат и покрај тоа да имате убав ден.

trikovi-za-vashiot-omilen-napitok-kako-da-spasite-losho-napraveno-kafe-kafepauza.mk

Горко кафе

Постојат неколку причини зошто кафето од машина за кафе може да биде горко: водата била врела, апаратот не бил добро исчистен или откако било направено, кафето предолго стоело на топла рингла. Во ваков случај не можете да направите ништо освен да додадете малку сол. Ова можеби ќе ви изгледа чудно, но како што видовме и порано, ова е одличен трик. Ако овој проблем се јавува и откако убаво ќе го исчистите апаратот за кафе и ќе го промените видот на кафето, малку сол можете да додавате во водата при вриењето.

Преслабо кафе

Многумина попрво би пиеле горко кафе (иако го сакаат благо) одошто преслабо, како што би рекле, вода од костен. За почеток важно е при подготовката на кафето да внимавате на температурата на водата која треба да биде 90-95 степени Целзиусови. Ако подготвувате кафе во апарат за кафе, слабо ќе излезе доколку не ставите доволно количина. Ако востановите дека кафето е слабо откако ќе го направите, можете малку да го засилите со лажичка инстант кафе. Иако ова ќе помогне за чувствувањето на интензитетот на подготвеното кафе, следниот пат запаметете колку кафе треба да ставите при подготовката. Трикот помага, но не е сосема исто.

Пресилно кафе

За овој проблем решението е многу едноставно – во веќе подготвеното кафе додадете врела вода за да го разблажите јакиот вкус.

Устоено кафе

Главната причина за оној одвратен вкус што некогаш го има подготвеното кафе е што стоело предолго во садот или не било сварено на соодветна температура на водата. За да го избегнете вкусот на „старо“ кафе, најпаметно е да го мелете пред самото варење. Кога смеленото кафе стои предолго го губи вкусот.

Бонус совети:
  1. За правење кафе пожелно е да користите флаширана или прочистена, филтрирана вода.
  2. Исто така треба да го знаете вистинскиот размер на кафето и водата – на 200 мл вода таман се 2 лажички кафе.
  3. Апаратот за кафе треба да се чисти со жешка вода после секоја употреба.
  4. И најважно, во кафето треба да уживате веднаш, бидејќи колку повеќе седи толку повеќе губи од интензитетот и вкусот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар