Претходно
Топло кафе за студени зимски денови
Затоплете се овој викенд со вкусно кофеинско задоволство
Потребни состојки:
- 400 милилитри кокосово млеко
- 400 милилитри млеко
- 170 милилитри свежо подготвено, незасладено какао
- 100 грама шеќер
- 1 лажица инстант еспресо во прав
- 1 лажица екстракт од ванила
- Прстофат сол
- 120 милилитри ликер со вкус на ментол
Начин на подготовка:
Изматете ги сите состојки освен ликерот во големо тенџере и ставете ги на среден оган да се варат. Кога ќе се затоплат, тргнете ги од огнот и сипете го и ликерот. Декорирајте по ваш вкус.
Сакате да пробате уште еден одличен зимски рецепт? Погледнете го и ова зимско кафе со цимет, урми, морско оревче, каранфилче и портокал!