Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Можеби една од најдобрите страни на есента е што можете да седите дома и да уживате во шолја топло кафе. Како што лисјата надвор се менуваат од жолти во портокалови, па сè до темноцрвени, така доаѓа време и ладното кафе да го замените со некои потопли варијанти и вкусови. По тој повод, погледнете кои се најдобрите пет есенски состојки кои можете да ги додадете во вашето кафе за подобар вкус.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Цимет

Кафето и циметот се совршена комбинација. Благиот вкус на циметот идеално се надополнува со горчината на кафето. Доколку сакате само малку шмек на цимет, во садот каде што го чувате кафето ставете неколку стапчиња цимет и оставете ги да стојат, сè додека не почнат да испуштаат арома. Ако пак повеќе сте љубители на чистиот, силен вкус на циметот, во садот со кафе ставете мелен цимет и пробајте да направите кафе по ден-два. Веднаш ќе ја почувствувате разликата.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Јавор

Нема ништо поубаво од вкусот на јавор. Ако не ви пречи кафето да биде послатко, едноставно додадете чист јаворов сируп или јаворов шеќер во шолјата. За погорчлив ефект, можете да додадете неколку супени лажички екстракт од јавор, уште пред мелењето на кафето.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Зачин од тиква

Веднаш упатете се кон најблиската продавница и купете си зачин од тиква. Ако ви е тешко, можете и сами да си направите, на следниов начин. Пред да го сомелете кафето, во теглата кафе додадете 1 лажичка цимет, 1 лажичка мелен ѓумбир, ½ лажичка силен зачин, ½ лажичка морско оревче, и 1 лажичка ванила екстракт, и оставете да отстои два дена, за подобар вкус. Потоа испробајте го. Оди идеално со пита од тиква, како типичен есенски десерт.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Бадеми

Не знаеме за вас, но ние сметаме дека бадемите заслужуваат поголема примена. Па така, за да си направите кафе со вкус на бадеми, треба добро да ги сомелете бадемите и потоа да ги додадете во теглата со кафе да отстојат. Полесната варијанта пак е да додадете екстракт од бадем во веќе подготвената шолја кафе.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Карамел

Вкусот на карамел е неодолив, а се прави многу едноставно – ставете шеќер и вода во лонче и загревајте го сè додека не добие златнокафеава боја. Ваквата смеса веднаш додадете ја во шолјата кафе или пак доколку истата ви се стврдне, искршете ја на ситни парченца во шолјата, кои потоа сами ќе се стопат.

Топ 5 состојки за совршено есенско кафе

Се надеваме дека ви го разбудивме апетитот и желбата за испробување нови вкусови. Иако кафето е одлично само по себе, сепак ви препорачуваме да направите и некој интересен десерт за уживањето да биде вистинско.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар