Претходно
Тирамису фрапучино: Рецепт за пијалак со кафе и чоколадо
Овој кремаст и освежувачки пијалак е најдобар во комбинација со неколку бисквити и попладневно уживање.
За подобро расположение додајте неколку капки ликер од кафе. Можете да го замените со рум, ликер од лешник или ликер од бадеми кои исто така одат одлично со чоколадо и сладолед.
Потребни состојки:
- 100 милилитри ладно и силно кафе
- 100 милилитри млеко
- 50 милилитри ликер од кафе
- 2 лажички маскарпоне
- 2 бисквити (или по желба)
- 2 лажички чоколаден сируп
- 250 милилитри кршен мраз
- 2 лажици кафе или сладолед од ванила
- 2 темни чоколади
Начин на подготовка:
- Измешајте го кафето, млекото, ликерот, маскарпонето и мразот. Блендирајте ги.
- Ставете ја течноста во високи чаши.
- Додадете лажичка сладолед во секоја чаша.
- Посипете со рендано чоколадо и прелијте со сирупот.
- Послужете со бисквити.
Можеби ќе сакате да ги пробате и овие 3 освежувачки пијалаци со кафе за престојните топли денови.