Тирамису
Тирамису или на италијански Tiramisù е еден од најпопуларните десерти во Италија. Некои сметаат дека се појавува помеѓу 18 и 20 век во близината на Тоскана, а други дека е создаден во градот Тревисо. Ова е десерт кој е карактеристичен по тоа што има интензивен вкус на еспресо во кое се натопуваат плазма бисквитите. Деликатниот вкус на маскарпонето, какаото и ликерот го прави овој рецепт толку вкусен и специфичен.
Потребни состојки за двајца:
- 2 големи жолчки
- 1 голема лажица коњак
- 4 големи лажици шеќер
- + 1 голема лажица шеќер
- 200 мл маскарпоне сирење
- 1/2 слатка павлака
- 1 мала лажичка сол
- 200 мл еспресо кафе
- 2 лажици ликер од кафе
- едно пакетче плазма кекси
- какао во прав
Подготовка:
Наполнете едно тенџере со вода. Оставете водата да зоврие. Во сад ставете ги жолчките, солта и 4 лажици шеќер. Садот ставете го врз тенџерето со вода и на пареа со миксер изматете ги жолчките додека не бидат бледо жолти. Потоа, додајте го коњакот и измешајте. Садот со жолчките ставете го во тавче со мраз за да се олади смесата.
Во друг сад ставете го маскарпоне сирењето и со миксер изматете го се додека не добиете мазна смеса. Во маскарпонето, додајте ги жолчките. Настрана, помешајте ја павлаката со една лажица шеќер. Кога ќе се стопи шеќерот во павлаката, додајте ја во смесата со маскарпоне и жолчки. Мешајте ја смесата се додека не биде изедначена.
Во мал сад, помешајте ги ликерот од кафе и еспресото. Земете две чаши за десерт, ставете една лажица од кремот на дното и малку какао. Плазма кексите натопете ги во миксот од кафе и ликер и наредете еден ред во чашата. Потоа, ставете ред крем и потоа какао. Потоа, пак уште еден ред плазма, па крем и какао. На крај, десертот треба да заврши со крем и какао одозгора. По желба, најгоре може да изрендате чоколадо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
na 2 mesta vika da se izmatat zolckite a ima samo 2???
kakvo e toa maskarpone sirenje???
Маскарпоне е меко италијанско сирење. Нешто како павлака ама погусто. Може да се најде во сите поголеми маркети.
На второто место се мисли на веке направената смеса од жолчки 😉 Мене ме буни тоа 1/2 сл. павлака, се мисли на пола литро?