Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

Тајната на совршеното домашно подготвено кафе

Консумирањето кафе и уживањето во овој пијалак е добро познат ритуал во Македонија. И за разлика од другите држави каде што се служи во мали шолји и се пие во една голтка, нашето кафе е многу повеќе од утринско или попладневно заблажување. Мирисот и вкусот што се кријат во омилените шолји во кујната нè следи во сите нови успеси, запознавања, пријателства и заеднички моменти на радост.

Сите ние сме пораснале учејќи како да направиме добро кафе. Уште од мали нозе секојдневно сме слушале изјави како „Уф, колку добро кафе испив денес“ или „Колку слабо кафе ми направија, исто како да не сум се напил/а денес“. Со текот на времето ние сме пробувале различни вкусови и комбинации, велејќи: „Направи ми без шеќер“, „Стави кафе сега, за да се олади додека дојдам“ или „Не дозволувај да зоврие до крај.“

Без разлика на нашата работа, ние секојдневно подготвуваме свежо смелено кафе, притоа давајќи дел од нашето срце во него. Важно ни е пијалакот да биде совршен и ние да бидеме познати како кафе-мајстори. Па, доколку сакате да ги унапредите вашите вештини во подготовката на кафето и уживањето во неговиот вкус, тогаш погледнете ги следниве мали тајни за кои можеби не сте знаеле, а кои имаат моќ да ви го направат омилениот вкус уште подобар.

Имено, пената во домашно подготвеното мелено кафе ја прави разликата помеѓу „доброто“ кафе и она што е „невешто“ сварено. Сепак, има и луѓе што сакаат да пијат кафе без пена – па секогаш прашувајте пред варењето. Покрај тоа што изгледа попримамливо, густата и обилна пена ја задржува топлината на кафето, го прави вкусот поинтензивен и подолго се задржува во устата.

Од друга страна пак, покрај пената, важна е и температурата на кафето. За најдобар вкус, треба да почекате малку да се олади и да почнете да го пиете кога тоа ќе ја достигне температурата на телото. Исто така, пред првата голтка, затворете ги очите и длабоко вдишете го мирисот. Ова ќе ви ги отвори сите сетила и кога ќе почнете да го пиете кафето ќе чувствувате многу побогат вкус.

Како кафето влијае на човекот: Природен чувар на расположението!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар