Суфле со кафе

Суфле со кафе

Печено колаче со мека внатрешност и неверојатно силна арома на кафе

Ова суфле, освен што е брзо и лесно за подготовка, е одличен десерт со кој ќе ги изненадите вашите најблиски.

Суфле со кафе

Потребни ви се:

  • 150 мл млеко
  • 60 г омекнат путер
  • 50 г кафе (еспресо, нес – какво имате)
  • 40 г брашно
  • 40 г шеќер
  • 2 јајца
  • сол

Подготовка: Прво, во поголемо тенџере сварете ги кафето и млекото. Помешајте ги путерот и брашното и ставете ги во вареното млеко. На слаб оган, мешајте ја целата смеса. Тргнете ja од оган и почекајте малку да се олади. Потоа, ставете ги двете жолчки и шеќерот  и убаво промешајте додека сè не се соедини и олади. Белките изматете ги со миксер и ставете еден прстофат сол и една супена лажица шеќер. Шлагот ставете го во смесата со кафе, притоа мешајќи од дното на тавчето кон горе. Земете калапи, намачкајте ги со путер и брашно и наполнете ги со по две третини од смесата. Од горе, попрскајте со шеќер. Печете на 200 целзиусови степени, 15 минути. Суфлето ставете го во чинија за десерт и послужете го со шоља еспресо.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

  1. bibi Reply

    receptata e pogresna ili ne e dobro objasneta . ja probav i mnogu e gorcliva. si gi potrosiv bez veze namirnicite

    • Кафе пауза Reply

      Драга Биби, некои од нашите читатели веќе го пробаа рецептот и ни се пофалија за резултатот на нашата страница на Фејсбук. Можеби нешто си изоставила или пак едноставно се работи за прашање на вкус.

  2. aleksandra Reply

    jas samo sto go napraviv mu dodadov malku i kakao za da ne iskoci mn jako so neskafe preubavo iskoci ne gorci voopsto malce ima specificen vkus i preubao e samo mene neznam zasto ne mi se nadigna smesata koga ja pecev ke probam sledniot pat moze nesto zgresiv…ako imate nekoj sovet dobro bi dosol…blagodaram za receptot

  3. Kolac Zadnjo Kafe Reply

    Kolacot e odvraten , mislam deka ke povrakam

Остави коментар