Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

Стигнува нов напиток – кафе со марихуана

Граѓаните на државата Вашингтон набрзо ќе можат да купат кафе во кое е „вбризгана“ одредена количина марихуана. Засега сѐ тече по планот, а напитокот кој се нарекува „Legal“ ќе почне да се продава веќе од следниот месец по малопродажна цена од 9-11 долари.

1-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mk

Ладното кафе ќе се продава во стаклени шишенца и ќе содржи околу 20 мг THC. Ефектот кој ќе го почувствува корисникот после испиеното кафе со марихуана би бил „како да испил чаша вино“, вели еден од производителите Адам Стајтс.

„Ова кафе мава право во глава. Сакавме да постигнеме ефект сличен на оној кој го има специјалното индиско пиво IPA (India Pale Ale) или чаша вино. Нема да ставаме многу THC за да не им биде непријатно на консументите, а посебно на оние кои по првпат ќе се сретнат со марихуана“, додава Стајтс.

Покрај кафето со марихуана, компанијата произведува и газиран сок од цреши, крушка и ѓумбир и сок од калинка надополнети со марихуана.

2-stignuva-nov-napitok-kafe-so-marihuana-kafepauza.mk

Корисниците на марихуана веќе долго време ја употребуваат оваа дрога како додаток во разни јадења и пијалаци, најмногу во колачи и лижавчиња. Исто така веќе со години наназад некои марихуаната ја ставаат во кафе или во топло чоколадо.

Не е познато дали „Legal“ ќе биде достапен и во Колорадо, американската сојузна држава каде што исто така марихуана е легална. Во Вашингтон марихуаната е легализирана од 2012 година.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар