Според науката: 5 предности од секојдневната консумација на кафе

Според науката: 5 предности од секојдневната консумација на кафе

Кафето е онаа магична напивка која ни дава енергија и нѐ спрема за активностите и предизвиците на денот. Но, започнувањето на денот со кафе е многу повеќе од само будење и снабдување со енергија – тоа е уживање и задоволство – ова го знаат само оние длабоките и искрени љубители. Ако кафето е есенцијален дел од вашата рутина, тогаш време е да слушнете за придобивките што ги имате од внесувањето кафе на дневна база.

0-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mk

1. Само една шолја дневно ќе ви гo продолжи животниот век

Постојат толку многу нешта кои објаснуваат зошто кафето ги потпомага доброто здравје и виталноста. Според едно неодамнешно истражување од списанието „The New England Journal of Medicine“, луѓето кои секојдневно пијат кафе имаат помали шанси да страдаат од болести кои му се закануваат на животот – срцев удар, болести на срцето и проблеми со дишењето.

Со надеж дека ќе откријат колку вашата љубов кон кафето може да влијае врз вашиот животен стил, истражувачите ги анализирале здравствените картони на околу 400.000 мажи и жени во текот на 14 години. Од нив, откриле дека оние кои пиеле барем по една шолја дневно имале за 5% помал ризик од смртност, додека тие кои пиеле 4 шолји дневно го намалиле ризикот од овие заболувања за 16%.

На прв поглед, овие бројки не изгледаат многу значајно, но тие дефинитивно ги покажуваат бенефициите од секојдневното пиење кафе.

2. Кафето е стимуланс – совршено гориво за мозокот

Кофеинот е познат по тоа што ги подобрува когнитивните способности. Научната издавачка куќа „The Wiley Online Library“објаснува како функционира кофеинот. Тој го забранува поврзувањето на аденозин и бензодијазепин – т.е. рецепторите кои се поврзуваат со мозочните мембрани.

1-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mk

Овие невротрансмитери се познати по тоа што ја забавуваат работата на мозокот, а блокадата на рецепторите го намалува таквиот ефект. Кофеинот исто така предизвикува промени во голем дел од останатите невротрансмитери како: норадреналин, допамин, серотонин, ацетилколин, глутамат и гама амино бутерна киселина.

Пиењето кафе исто така ја подобрува меморијата и ја одржува кондицијата на мозочната реакција. Една голтка кафе пред важен состанок или презентација е целата течна храброст која ви е потребна.

3. Го покренува расположението и ја зголемува енергијата

Сите знаеме дека кога имаме лош ден, ништо не е подобро од шолја кафе. Тоа ја поттикнува циркулацијата и ве прави посвесни за околината, а прави и да се чувствувате поживо. Уште една бенефиција од пиењето кафе е дека тоа е одличен начин да ги смирите вашите нерви без вината која доаѓа кога јадете поради стрес. Но, тоа не значи дека колку повеќе испиете – толку порелаксирани ќе бидете. Сепак, вистинската количина кафе секако дека ќе ви го олесни понеделникот или кој било друг ден од неделата.

4. Ги намалува шансите за депресија за 20%

2-spored-naukata-5-prednosti-od-dnevnata-konzumacija-na-kafe-kafepauza.mk

Според списанието „The Archives of Internal Medicine“ жените кои пијат барем 4 шолји кафе дневно имаат помали шанси да страдаат од депресија, за разлика од оние кои пијат помалку од 4 шолји. Да не ви се верува дека нешто толку едноставно има толку голема моќ. Значи, нема ништо лошо во тоа да чувствувате дека ви е потребна енергија и на таков начин да го заштитите вашето психичко здравје.

5. Полно со антиоксиданси – ѝ дава совршен изглед на кожата

Антиоксидансите се познати по тоа што ги подмладуваат кожните клетки и го преобратуваат процесот на стареење – што објаснува зошто многу луѓе го користат кафето како дел од нивните режими за убавина. Уште подобро, кафето содржи својства кои се борат со болести како ракот.

Зрната кафе се едни од најдобрите извори на антиоксиданси – тие имаат 3 пати повеќе антиоксиданси за разлика од чајот, храната и виното.

Но, имајте на ум дека колку и да е здраво кафето, сепак може да станете зависник од кофеин. Во превод, преголемото внесување на кофеин во организмот може да предизвика зависност која може да има ужасни последици врз вас и вашето здравје.

Кога веќе ги кажавме важните нешта, сега слободно можете да одите во најблиското кафуле и да се снабдите со оваа магична напивка. Или, подеднакво добра варијанта е самите да си го направите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар