Со што е најдобро да го засладите вашето кафе?

Со што е најдобро да го засладите вашето кафе?

Постојат многу различни извори шеќер, па понекогаш е многу тешко да се одлучите за најдобрата варијанта. Нутриционистите и фитнес тренерите едногласно се согласуваат дека вие би требало да внесувате минимална количина шеќер во текот на денот, односно продуктите кои се богати со шеќер би требало да содржат 10-15% од храната која ја внесувате во организмот. Па, тогаш кој е најдобриот избор за засладување на вашето кафе?

Со што е најдобро да го засладите вашето кафе?

Стевија

Стевијата е здрав и природен засладувач кој се добива со преработка на лисјата од билката со исто име кое потекнува од Парагвај. Таа е и до 30 пати послатка од шеќерната репка која се користи за традиционалното производство на кристален шеќер.

ЗА: Природен извор за засладување кој нема калории, не предизвикува кариес и не го подигнува нивото на гликоза во крвта, па токму затоа се препорачува на дијабетичарите и на оние кои се на диета.

ПРОТИВ: Остава силен вкус во устата по нејзиното консумирање на кој треба да се навикнете. Претерувањето со стевијата може да ја зголеми желбата за благо.

Мед

Медот е густ сок кои пчелите медарки го изработуваат од цветен нектар. Постојат неколку десетици видови мед во зависност од изворот на нектарот (на пример, багремов, цветен, од жалфија…), како и од конзистентноста на плодот.

ЗА: Медот е одличен извор на витамини и минерали, додека истовремено го красат и антибактериски својства кои го смируваат воспаленото грло, надразнетиот желудник и целиот дигестивен систем. Тој е вистинска бомба за имунитетот.

ПРОТИВ: Нутриционистите го гледаат повеќе како целосен продукт, наместо како извор за засладување. Токму затоа и станува збор за исклучително калоричен продукт – во една лажица мед се наоѓаат околу 60 калории.

Кокосов шеќер

Кокосовиот шеќер се добива од растителниот сок од кокосовите цветови, кои потоа се сушат на високи температури, поради кои овој шеќер добива темна боја.

ЗА: Богат извор на минерали (особено на железо и магнезиум) со ниска количина на гликоза поради која и се препорачува за дијабетичарите.

ПРОТИВ: Станува збор за калоричен засладувач кој се наоѓа на исто ниво како медот.

Сируп од агава

Овој природен засладувач кој се добива од јужноамерикански кактус познат е и како медена водица. Тој е многу посладок и поредок од медот, па токму затоа се користи во многу мали количини.

ЗА: Прилагоден е за употреба на дијабетичари и личности кои се чувствителни на шеќер бидејќи има мал гликозен индекс.

Против: Калориска бомба од која треба да се пазите ако држите диета.

Кафеав шеќер

Производ кој се добива од делумно рафинирање на шеќерна трска поради која има потемна боја од класичниот рафиниран шеќер. Тој има поголема влажност и лепливост.

ЗА: За време на процесот за изработка на овој производ, делумно остануваат одредени минерали и хранливи продукти поради кои е поздрав избор за засладување од белиот шеќер.

ПРОТИВ: Во маркетите можете да најдете многу „лажни“ видови кафеав шеќер, кој всушност е само обоен бел шеќер. Вистинскиот кафеав шеќер е подложен на спојување што ја забавува неговата примена во кујната.

Кристализиран бел шеќер

Белиот шеќер е производ од рафинирање на шеќерната репка и шеќерната трска. Тој е исклучително сладок и е во форма на снежно бели кристали.

ЗА: Ниска цена, широка достапност и едноставната применливост во користењето овозможува лесно користење при подготовка на сите видови храна и напивки.

ПРОТИВ: Има висок гликозен индекс, не содржи хранливи материи, го поттикнува создавањето кариес и предизвикува дебелеење.

Вештачки засладувачи

Тие се синтетизираат преку индустриски пат, а достапни се во маркетите во облик на течности, прашок или таблети.

ЗА: Имаат вкус кој е многу сличен на шеќерот, не содржат сахароза, а имаат и минимална количина калории.

ПРОТИВ: Со оглед на тоа што се синтетизирани на хемиски пат, нивното долготрајно влијание врз телото не е доволно истражувано и испитувано.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар