Со кафе до подолг живот и подобар крвен притисок
Најновите истражувања во кои учествувале околу 500 мажи и жени, на возраст од 65 до 100 години, биле направени со цел да се дознае тајната за долг живот. Сите тие луѓе живеат на островот Икарија, Грција, каде што повеќе од една третина од населението живее повеќе од 90 години.Како што луѓето стареат, нивните крвни садови стануваат помалку еластични, прогресија која може да доведе до зголемен крвен притисок. Токму овие истражувања покажале дека умереното пиење кафе може да го спречи овој процес.
Учесниците во истражувањето кои пиеле една или две шолји кафе на ден имале за 25% поголема еластичност на нивните крвни садови, од оние кои пиеле нередовно или воопшто не пиеле.
Д-р Christina Chrysohoou, главниот истражувач, препорачува да се пијат една до две шолји кафе на ден, за да се борат против стареењето на артериите, а со тоа и за подобрување на целокупното здравје.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.