Претходно
Смуди со кафе и ванила – совршено за комбинација со вашите омилени тортички
Заблажете си ја душата
Потребни состојки:
- 120 милилитри млеко од соја со вкус на ванила
- 120 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
- 2 пакетчиња засладувач без калории
- 1/4 кафена лажичка екстракт од ванила
- 1/8 кафена лажичка цимет во прав
- 10-тина ледени коцки
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и матете на висока брзина додека не добиете мазна површина.
Во комбинација со ова освежително летно смуди, ви ги препорачуваме овие снежни мини ванила тортички кои ќе ве разладат и заблажат.