Слатки маршмелоу мачиња – совршен вкусен додаток за вашето кафе

Слатки маршмелоу мачиња – совршен вкусен додаток за вашето кафе

Обидете се да го замислите наредново сценарио. Чувствувате миризба на свежо подготвено кафе, вдишувате длабоко, погледнувате надолу кон вашата шолја и забележувате неодоливо маче кое ве гледа со своите мали очиња. Јавахада, продавница за маршмелоу во Нагано, Јапонија е креаторот на „CafeCat“, неодоливи маршмелоу мачиња кои пловат во кафето. За 860 јени (околу 370 денари), добивате 2 мачиња и 4 шепи, од кои 2 се со вкус на чоколадо, а 2 со вкус на ванила. Тие не само што се неодоливи на изглед, туку наводно се и премногу вкусни. Покрај кафе, овие маршмелоу можат да бидат употребени и за топло млеко од соја, млечен чај и топло чоколадо.

Слатки маршмелоу мачиња, совршен вкусен додаток за вашето кафе

И покрај преголемата побарувачка, сѐ уште нема можност за интернационални нарачки, но компанијата објавила на нивниот веб-сајт дека подготовките се започнати. Ако планирате во брзо време да ја посетите Јапонија и сакате да ги пробате овие слатки маршмелоу мачиња имајте на ум дека на вашата нарачка ќе ѝ требаат барем 3 недели за да стигне до вас…

Слатки маршмелоу мачиња, совршен вкусен додаток за вашето кафе Слатки маршмелоу мачиња, совршен вкусен додаток за вашето кафе Слатки маршмелоу мачиња, совршен вкусен додаток за вашето кафе


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар