Претходно
Слатка љубовна приказна раскажана преку лате-арт
Кога ќе погледнеме во шолја кафе, повеќето од нас гледаат незаменлив еликсир на животот создаден со цел да ни помогне да го истуркаме денот. Но, подајте му ја шолјата на вешт бариста и тој може да направи чуда.
Слаткото видео е создадено од јапонската компанија „Ajinomoto General Foods“ со цел да го промовираат нивниот нов вкус Maxim Stick.
Видеото „Latte Motion“ е снимено за период од 3 дена, а употребени биле вкупно 1.000 шолји со кафе. Цртежите се направени со истурање какао врз пластични шаблони. Уживајте во видеото и погледнете како изгледа првата лате-анимација што некогаш била направена.