Силно кафе за најхрабрите срца

Силно кафе за најхрабрите срца

Овој рецепт е за силен концентрат што треба да биде растворен пред пиење

Силно кафе за најхрабрите срца

Потребни состојки:
  • 300 грама свежи зрна кафе
  • 1 литар вода на собна температура
Начин на подготовка:

Ставете ја водата во сад и додајте ги зрната кафе. Покријте ги со капак и оставете ги да отстојат околу дванаесет часа. Исцедете ја течноста со ситна цедилка или газа и потоа чувајте ја во фрижидер до една недела.

За да го подготвите кафето за пиење, најдобро е да смрзнете вода во ледени коцки во истата количина колку што ќе сипете и кафе во чашата. Оваа количина може да се модификува, но внимавајте да не претерате со кофеинската доза.

Сакате силно кафе со специфичен вкус? Пробајте го и овој рецепт што ќе ве држи будни цела ноќ!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар