Што се случува во вашето тело откако ќе го испиете омиленото кафе?

Што се случува во вашето тело откако ќе го испиете омиленото кафе?

За многумина од нас, кафето е многу повеќе од само уште еден обичен пијалак. Тоа е незаменлив дел од нашиот ритуал за будење, нешто без што не можеме да живееме. Без разлика дали уживате во тишината на утрото или во разговор со најблиските, пиењето топло кафе е секогаш добра идеја. Токму затоа и решивме да ви покажеме што точно се случува во вашето тело откако ќе го испиете омиленото кафе. Подгответе се, тоа што го откривме е неверојатно!

Што се случува во вашето тело откако ќе го испиете омиленото кафе?

По 10 минути

Кофеинот влегува во вашиот крвоток. Срцебиењето и притисокот се зголемуваат.

По 20 минути

Почнувате да се чувствувате будно и фокусирано. Забележувате дека полесно доаѓате до одлуки и полесно се справувате со проблемите. Исто така, кафето ви помага да се чувствувате поодморено бидејќи се поврзува со вашите аденозински рецептори во мозокот.

По 30 минути

Вашето тело почнува да создава повеќе адреналин. Ова води кон подобар вид, бидејќи вашите зеници малку се прошируваат.

По 40 минути

Почнува да расте нивото на серотонин во вашето тело. Ова ја подобрува функцијата на моторните неврони кои пак, ја зголемуваат силата на мускулите.

По 4 часа

Кафето може да го зголеми производството на енергија од страна на клетките. Кога ова се случува, вашето тело почнува да ги согорува маснотиите, дури и кога не се движите. Кофеинот исто така го стимулира и зголемува производството на желудочни киселини.

По 6 часа

Кофеинот во кафето создава диуретски ефект. Покрај водата, вашето тело губи и одредени клучни витамини и минерали. Ова може да предизвика мали нарушувања на калциумскиот метаболизам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар