Шолја за совршено кафе по своја мерка
Како го пиете вашето кафе? Со повеќе кафе, со помалку шеќер, со малку вода и многу млеко или со пола-пола? Без пена, со пена, со јака кафена боја или со млеко во кое има малку растворено кафе?MyCuppa е навидум обична шолја за кафе, која е посебна штом ја погледнете на внатрешните ѕидови. Таму се наоѓа палета со неколку нијанси кои ќе ви помогнат да ја одредите вашата во зависност од тоа како најмногу го сакате вашето кафе. Вообичаено би било да мерите со лажичка, па веројатно и попрактично, но ова е дефинитивно уникатен начин да се постигне целта – совршено приготвено кафе според свој вкус.Одличен подарок за љубителите на добро кафе. Ја има во две варијанти, за љубители на чај и за кафе-уживатели. Чини 20 долари, а ја има на Амазон.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.