Шолја за кафе и чај која ќе ве стопли во студените зимски денови
Оваа шолја е баш тоа што ни треба во овој период од годината. Дизајнирана е така што овозможува да си ги пикнете рацете во неа и да се стоплите кога ви се смрзнати рацете.
Дизајнот овозможува топлината од течноста да се задржува во внатрешноста на извиената рачка и на тој начин ви го одржува и напитокот и вашите раце постојано топли.
ToastyMUG, како што се вика оваа иновативна керамичка шолја, се произведува во Италија и чини 44 долари, а за достава во Европа се доплаќаат само 5 долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.