Секое утро пијте го ова кафе и ослободете се од вишокот килограми
Сигурно сте чуле за здравствените придобивки на кокосовото масло. Постојат докази според кои ова корисно масло го забавува процесот на стареење и го намалува вишокот килограми. Па, зошто не би го вклучиле во вашиот утрински ритуал со тоа што ќе го додадете во кафето кое го означува почетокот на вашиот ден? Сѐ што треба да направите е да се придржувате до ритуалот и секое утро да пиете црно кафе без млеко, направено според еден од следниве два рецепти…
Прв рецепт
Потребни состојки:
- 180 милилитри кокосово масло
- 120 милилитри мед
- 1 лажичка цимет
- 1 лажичка какао (по избор)
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги во тегла и секое утро додавајте по една мала лажичка од смесата во вашето домашно црно кафе.
Втор рецепт
Потребни состојки:
- 240 милилитри кокосово масло
- 60 грама кокос
- 3 лажички природен шеќерен алкохол
Начин на подготовка:
Сите состојки измешајте ги во блендер, потоа ставете ги во тегла и секое утро додавајте по една лажичка од смесата во утринското кафе.
Ова кафе ќе направи метаболизмот да ви работи точно и прецизно како часовник. Работата на дигестивниот систем значително ќе ви се подобри и ќе добиете повеќе енергија. Кога во организмот внесувате заситени масти како што е кокосовото масло, се намалуваат несаканите ефекти на кофеинот. Додавањето на оваа смеса во утринското кафе ќе ви го намали чувството на глад, па помалку ќе јадете во текот на денот, а со тоа ќе го елиминирате и вишокот килограми без многу труд.