Претходно
Руско кафе за утринско будење на сите сетила
Ова кафе ќе ве расони дури и ако сте спиени само неколку часа
Потребни состојки:
- 140 милилитри црно кафе, топло
- 30 милилитри вотка
- 15 милилитри Калуа
- 1 лажичка ликер Амарето со вкус на бадеми
- 40 грама шлаг пена
- 1 лажичка шеќер (или по ваш вкус)
Начин на подготовка:
Додајте го кафето, вотката и Калуата во висока чаша и засладете по вкус. Полека нанесете ја шлаг пената, па врз неа додајте го ликерот и по ваш избор декорирајте со чоколаден прелив и/или цреша.