Претходно
Рум кафе за вкусен празничен ден
Во духот на празниците, збогатете ја вашата трпеза на првиот ден од новата година со ова вкусно рум кафе!
Потребни состојки:
- 4 кафени лажички црно кафе
- 600 милилитри вода
- 3 кафени лажички шеќер
- 4 кафени лажички чоколадо во прав
- 1 пакување шлаг пена од чоколадо
- 2 кафени лажички рум
- 40 грама бело чоколадо
Начин на подготовка:
Во поголемо ѓезве ставете вода, додадете шеќер и почекајте да зоврие. Потоа додајте го црното кафе, промешајте и почекајте да се направи пена. Тргнете го ѓезвето од ринглата, оставете го талогот да се намали, а потоа процедете низ густа цедалка. Во исцеденото кафе додајте ги румот и чоколадото во прав и промешајте. Шлаг пената од чоколадото подгответе ја според упатството на кесичката. Ставете го кафето во 4 шолји и одозгора со помош на слаткарски шприц нанесете го шлагот од чоколадо и посипете со малку рендано бело чоколадо.