Реклами за кафе од минатото и лекциите на кои нѐ учат
Автор: Ивана Грујоска
Патот на комерцијалниот успех на кафето е добиен преку потенцирање на квалитетите што ги поседува. Во минатиот век се водела доста застрашувачка кампања против него. Се кршеле копја околу ефектот на кофеинот врз здравјето на човекот, а производителите на безкофеинското кафе триеле раце и уште повеќе го засилувале пожарот во жариштето на целата битка што се водела околу обичното кафе. И покрај нивните напори, тие не успеале да ја намалат неговата популарност.
Кафето прави да се чувствувате добро
Она што го прави кафето втор најпродаван производ во светот, е комбинацијата од неговиот вкус и освежувачкиот ефект што го има врз нас, кој сите го знаеме и сакаме. Кафето е убаво за пиење и прави да се чувствуваме добро додека го консумираме. Затоа, направете си една кафе пауза.
Не задоволувајте се со второкласни работи
Ако има нешто што сите производители на кафе го тврдат, тоа е дека тие се најдобри провајдери на вашата дневна доза. Животот е премногу краток за лошо кафе, не можете да добиете добар напиток од потпросечен производ.
Кафето ве прави попосакувани
Вистина е тоа што го велат. Полесно ќе напредувате во животот ако се однесувате како возрасни и пиете кафе, а истовремено ќе бидете гламурозни и сите ќе ве сакаат.
Кафето е важно за социјалните врски
Купишта реклами за кафе, било да се телевизиски или печатени, му придаваат важно место на кафето како социјален лубрикант.Еве и неколку стихови од реклама за кафе:
„Доброто кафе е како пријателството: богато, топло и силно.
Кафето е толку корисно…
Ништо друго не може толку да ви се доближи.
Правете го секогаш на овој начин: црно и богато,
дајте му карактер, благословете го со јачина,
Извлечете го од него сиот благодет што доброто кафе може да го даде,
Правете го кафето такво. Правете го често. Правете го како што треба.“
Кафето е добро за бракот
Кафето е добро за пријателствата, но исто така се чини дека е и клуч за среќата во сечиј семеен дом.
Машините за кафе се важни за да се чувствувате добро со себеси
Сјајните играчки за кафе го вртат светот….
Кафето е најдобриот начин за започнување на денот
Кафето ќе ве подигне наутро и ќе ве одржува будни цела ноќ. Тоа внесува енергија во секој ваш чекор. Ќе ве одржува во текот на целиот ден.
Кафето е искуство за сите сетила
Кафето е вкусно. Ве разгалува. Делува инспиративно врз сетилото за вкус, меѓутоа и убаво мириса и ù дава пријатно чувство на вашата уста. Аромата е битна.
Кафето треба да биде едноставно
Вистинската привлечност на инстант кафето е во неговата брза и лесна подготовка. Совршено е за оние кои немаат многу време. Едноставноста е сѐ.
Свежото кафе е најдобро
Луѓето знаеја дека свежината на кафето е важна уште на почетокот на ’30-тите години…. или барем така изгледа.
Тоа го знаеја и во ’50-тите
Складирањето е битно
Исто така е важно да се задржи воздухот надвор од вашиот сад за кафе.Свежо меленото кафе е најдобро…. Без конкуренција…
Процесот е важен
Покажувањето разбирање за процесот на правење на кафето, секогаш била добра стартна точка за истакнување во однос на конкуренцијата.
Безкофеинско кафе – кофеинот ве прави луди (или можеби не?)
Се користеле и патетични маркетинг трикови како на пример: „бескофеинското кафе ги прави старите луѓе пофини“ или „Помала е веројатноста дека татковците ќе ги удираат своите деца, а исто така има повеќе шанси дека фармерите почесто ќе ги молзат своите крави“.Жешко како Сонцето или ладно како Северниот пол, кафето е напиток што ќе ви ја стопли душата. Оваа реклама е од ’40-тите.Еве една реклама за безкофеинско кафе од ’50-тите.Еве и реклама за една поранешна „замена“ за кафето.
Никој не ја одбива препораката од славните
Џорџ Клуни, Ал Пачино и Роже Федерер се модерен пример на славни кафе-консументи, но поддршката на кафето од славните личности датира од толку одамна, колку и рекламната кафе-индустрија сама по себе.
Треба да се лаже за да се продаде инстант кафе
Нема реклама за инстант кафе која претставува приказ на реализам или вистина. Затоа што нема таква реклама која ќе каже дека нејзиниот производ има вкус на нечистотија. Но, огласувачите на инстант кафето низ историјата, навистина ја наметнаа „вистината“, кога почнаа да тврдат дека нивниот инстант напиток е подобар од вистинското кафе.И еве ги почетоците на династијата на „Нескафе“ и нивните заведувачки реклами, кои кулминираа во денешниот популарен тип „Green Blend“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.