Претходно
Рецепт: Како да направите желе со кафе?
Сигурно кога сте биле деца сте обожавале желе бонбони, а сега кога сте возрасни и денот не можете да го замислите без кафе, сигурно ќе сакате да го пробате и ова желе со кафе.
Погледнете како можете да го подготвите и кои состојки ви се потребни.
Потребни состојки:
- 900 милилитри топло кафе
- 2 лажици шеќер или по вкус
- 3 лажици желатин
- 300 милилитри кондензирано млеко
- 250 милилитри млеко
Начин на подготовка:
- Во голем сад измешајте го топлото кафе, желатинот и шеќерот.
- Добиената смеса истурете ја во тава (8х8) и оставете да отстои 4 до 6 часа.
- Потоа насечете на коцки и ставете во чаши за кафе.
- Во друг сад измешајте го млекото и кондензираното млеко, а добиената течност ставете ја во мал бокал.
- Во чашите со желе додадете од млечната течност и сервирајте.
Можеби ќе сакате да го пробате и овој енергетски оброк во чаша за љубителите на кафе.