Претходно
Протеински шејк со кофеин – наполнете се со енергија за викендот што следува!
Совршен пијалак за интензивните фитнес вежби или активности на отворено
Потребни состојки:
- Коцки лед
- 230 милилитри бадемово млеко, незасладено
- 1 банана
- 120 милилитри свежо подготвено кафе, оладено
- 1 доза протеин во прав со вкус на ванила или чоколадо
- 1 кафена лажичка цимет
- 1 кафена лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
По редоследот погоре, ставете ги сите состојки во шејкер, затворете го капакот и тресете сè додека не добиете хомогена смеса.
Погледнете ја и поедноставната верзија на овој рецепт.