Претходно
Пролетно ледено кафе со цимет
Богат и освежителен вкус за топлите пролетни денови
Потребни состојки:
За сирупот од кафе:
- 100 грама светол кафен шеќер
- 80 милилитри јаворов сируп
- 120 милилитри вода
- 1 стапче цимет
За леденото кафе:
- Ледени коцки од кафе
- 230 милилитри свежо подготвено кафе
- 2 лажици сируп од цимет
- Пола-пола
Начин на подготовка:
За циметовиот сируп, ставете ги сите состојки во мало тенџере и варете на среден оган. Мешајте повремено, сè додека не се загрее добро и шеќерот не се растопи. Ќе ви требаат околу 5 минути. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се олади 15-тина минути. Отстранете го стапчето цимет.
За леденото кафе, наполнете висока чаша со ледени коцки кафе. Додајте го свежо подготвеното кафе, циметовиот сируп и пола-пола (микс од од хопла и млеко) за да добиете кремава содржина. Ставете и цевка и послужете.
Ако ви се допадна овој рецепт, пробајте го и ова ледено кафе со нане.