„Писмени“ масички за кафе

„Писмени“ масички за кафе

Секако дека не зборуваме за масички кои станале писмени од многу читање. Зборуваме за колекцијата алфанумерички кафе-масички на дизајнерите Алесандро Канепа и Андреја Пауличели, кои претставуваат револуција во уредувањето. Колекцијата е оригинално наречена Фонтејбл (Fontable), што значи фонт-масичка.„Писмени“ масички за кафеКолекцијата ја сочинуваат сите големи и мали букви од англиското писмо, како и бројките од 0 до 9. Површината на масичките е лакирана со црна, бела или црвена боја, па така може да се создадат безброј комбинации, шарени или еднобојни, кои гледани како целина можат да испишат зборови со одредено значење. Висината на ногарките е прилагодлива, па ова им дава дополнителна флексибилност на масичките, за преклопување на последователно поставените знаци.„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафеИдејата е неверојатна, а ваквиот начин на уредување може особено да биде интересен за кафе-баровите, иако одлично би изгледал и во модерно уредени дневни соби.„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафеЗаинтересираните може да побараат и масички во друга боја по нарачка. Една буква чини 190 евра, но колку повеќе нарачате, толку поповолно ви доаѓаат останатите масички, па така две ќе добиете за 350, а пет за 775 евра.„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафеЗависно колку е долго она што сакате да го кажете и колку можни комбинации сакате да имате со буквите што би ги избрале, уредувањето на просторот со овие масички може да ве чини мало богатство. Но, не заборавајте дека не купувате една масичка, туку купувате зборови од масички и дека со Фонтејбл можете да кажете многу за себе, без воопшто да проговорите.„Писмени“ масички за кафе„Писмени“ масички за кафе
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар