Пијте кафе како вистински Италијанци

Пијте кафе како вистински Италијанци

До некаде, Италијанците го измислија начинот на кој остатокот од светот го подготвува и служи кафето. Ако кафето има духовен дом, тоа без сомнение е Италија.

Како да пиете кафе како вистински Италијанци

Странските обиди да се прилагодат кафињата во чудни милкшејкови и фрапучина се смета за сквернавење во Италија, каде што кафето се служи традиционално. Многу интернационални ланци допрва треба да отворат кафетерии овде, додека независните кафетерии кои се опремени со професионални шанкери и келнери ги има насекаде. Некои кафетерии датираат уште од раниот 18-ти век. Caffе Fiori во Торино му служел кафе на Ниче, а кафетеријата Gran Caffe Renzelli е семеен бизнис уште од 1803 година.

Нарачување

Како да пиете кафе како вистински Италијанци

Гледајте го вашето прво италијанско кафе како неофицијална церемонија. Прво правило – немојте да порачате дупло лате од ванила со шлаг. Повеќето италијански кафиња се порачуваат со еден збор. Обичното кафе претставува еспресо. Макијатото претставува еспресо со малку млеко. Американо е еспресо со повеќе жешка вода за подолго пиење. Кралот на белите кафиња е капучиното – еспресо со топло млеко, а понекогаш и трошки од чоколадо.

Во Италија нема разни големини на кафиња. Стандардното капучино го служат во порцеланска шолја од 180 милилитри. Обезмастеното млеко речиси и да не постои, но можно е да најдете кафе без кофеин. Внимавајте ако порачувате лате. Зборот „latte“ на италијански значи млеко, па тоа и ќе добиете. Ако порачате кафе лате, ќе добиете топло млеко со малку кафе.

Пауза

Како да пиете кафе како вистински Италијанци

Во Италија речиси и да не постои опцијата кафе за носење. Освен на железниците, ретко ќе најдете кафе за носење. Без разлика дали се брзате, се очекува да седнете во кафетеријата. Италијанците не се навикнати да седат на кафе со часови. Паузата за кафе е позната како „una pausa“, и буквално го претставува тоа. Земете залак од печивото, голтнете го еспресото, разменете неколку зборови со келнерот за некој политички скандал и заминете си.

Традиционално, капучиното се пие наутро. Некои дури сметаат дека е грешка да се пие по 10 часот наутро. Сепак, пиењето капучино попладне или навечер не е нелегално, но ќе биде добро да се извините кога порачувате.

Вкус

Како да пиете кафе како вистински Италијанци

Едно од најубавите нешта за италијанското кафе е тоа што без разлика во кој дел од државата се наоѓате, квалитетот е одличен. Колку што ги сакаат тестенините, Италијанците го сакаат кафето многу печено, горко и со кафеава пена. Нема да најдете овошни вкусови или уметност на кафе во Италија. Никој не сака да чека 10 минути за келнерот да му подготви кафе. Брзината на италијанските шанкери е навистина неверојатна.

Варијации

Како да пиете кафе како вистински Италијанци

Иако едноставноста е најдоброто нешто, кафе културата овозможува и мали варијации од кои некои се регионални. Caffè corretto (кафе корето) е еспресо со малку алкохол. Doppio (допио) е дупло еспресо кое е најдобро за мамурлак или кога сте уморни. Ristretto (ристрето) е еспресо со помалку вода, но со иста јачина. Cappuccino scuro (капучино скуро) е капучино направено со помалку млеко. Bicerin (бичерин) е специјалитет од регионот Пиемонт, особено Торино, и постои околу 200 години. Направено е од слој еспресо, топло чоколадо и млеко и се служи во стаклена чаша. Слично е и marocchino (марокино), уште еден изум од Пиемонт кое претставува мешавина од еспресо, какао и млеко.

Искористете ја оваа шанса и да дознаете како да направите оригинално турско кафе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар