Претходно
Пијано капучино
Алкохолен топол напиток, одличен за пријатен муабет во добро друштво…
Потребни состојки:
- 100 мл инстант кафе
- 70 мл пола-пола
- 30 мл ликер од чоколадо
- 25 мл рум
- 25 мл коњак
Начин на подготовка:
Сите состојки сипете ги во метален сад и ставете ги на загрена рингла. Измешајте ги убаво и оставете да се загреат. Откако ќе се соединат и загреат, сипете ги во широка шолја и декорирајте со малку цимет.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.