Пијано кафе: Пијалак кој ќе ве освежи и загрее истовремено!
Ова лето пробајте една сосема нова напивка која ќе ви ги разбуди сите сетила. Станува збор за пијано кафе. Се подготвува многу лесно и едноставно, но препорачливо е да го пиете само за време на викендите. Изненадете ги вашите пријатели со ова необично кафе и направете им го попладнето позабавно.
Потребни состојки:
- Турско кафе
- Ликер од чоколадо или орев
- Сладолед од чоколадо или ванила
- Шлаг
- Малку бело или млечно чоколадо
Начин на подготовка:
Почекајте малку да се излади турското кафе и ставете го во чаша. Додајте ликер од чоколадо или орев по вкус. Ставете топка сладолед од чоколадо или ванила и добро промешајте. Украсете го кафето со шлаг и изрендајте малку бело или млечно чоколадо. Уживањето е загарантирано!
Доколку сте расположени за нешто поосвежително, пробајте го ова кафе со лимонада што ќе ве наполни со енергија.