Перфекцијата на кафето од Старбакс
Покрај тоа што „Starbucks“ се прославија благодарение на доброто кафе, тие отсекогаш знаеле и одлично да се промовираат. Доказ за ова е и следново видео, чиј креатор е Роџиер Виланд. Преку фантастична анимација, Виланд успева во нешто повеќе од една минута да раскаже зошто подготвеното кафе од овој ланец на продавници е едно од најдобрите. Во ова видео тој го претставува целиот процес, од одгледување на кафето, преку одбирање, па до целосната и љубезна услуга од вработениот бариста. Приказната почнува од крајот, односно од перфектното кафе кое го добива секој купувач, а потоа се навраќа наназад.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.