Пенесто кафе со цимет

Пенесто кафе со цимет

Нов начин на подготовка на вашето омилено филтер кафе

Потребни состојки:
  • 230 милилитри полномасно млеко
  • 170 милилитри засладено кондензирано млеко
  • 900 милилитри свежо подготвено филтер кафе
  • Цимет во прав
Начин на подготовка:

Ставете го млекото во микробранова и оставете го да се загрее додека не почнат да му се појавуваат мали балончиња по работ на чашата. За ова требаат околу 1-2 минути.

Поделете го кондензираното млеко во 4 шолји за кафе, и внимателно врз него сипете го кафето.

Со помош на метална маталка, рачно изматете го загреаното млеко за да добиете пена. Како што таа ќе се подигнува, таа вадете ја со лажица и ставајте ја во чашите со кафе. Млекото што ќе ви остане нема да ви биде потребно.

Испрскајте со цимет и послужете со лажица.

Пробајте го и ова домашно капучино со цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар