Пенесто еспресо колаче
Во комбинација со утринското кафе ова колаче е совршено слатко задоволствоПотребни состојки за тестото:
- 113 г несолен путер
- 15 г инстант еспресо
- 200 г шеќер
- 2 јајца
- 5 мл ванила
- 34 г какао во прав без шеќер
- 64 г брашно
- 1 кафена лажичка сол
- 1 кафена лажичка прашок за пециво
Потребни состојки за филот:
- 130 г маршмелоу колачиња (25 големи или 250 мини)
- 30 мл јако свежо подготвено еспресо
- 15 мл „créme de cacao“ (по избор, доколку немате можете да го замените со уште 30 мл еспресо)
- 250 мл густо изматен крем
- чоколадни топчиња
- шлаг пена
Начин на подготовка: Загрејте ја печката на 180 степени. Садот за печење премачкајте го со масло и брашно. Во мала чинија стопете го путерот. Откако ќе се стопи, тргнете го од шпоретот и додадете во него инстант еспресо и мешајте сè додека не се разложи. Потоа додадете го шеќерот и мешајте сè додека не се искомбинираат убаво. Додадете ги јајцата, едно по едно, и мешајте добро по секое нивно додавање. На крај додадете ја и ванилата и повторно убаво промешајте. Додадете ги и сувите состојки и мешајте сè додека убаво не се искомбинираат. Потоа додадете ја смесата во подготвениот сад за печење.
Подготвената смеса печете ја околу 30-35 минути. Во меѓувреме подгответе го филот. Во голем сад, отпорен на топлина, ставете ги маршмелоу колачињата во микробранова печка на околу 45 секунди, сè додека не станат многу меки. Потоа тргнете ги од микробрановата и мешајте сè додека не се стопат целосно. Додадете ги свежо подготвеното еспресо и „créme de cacao“ во стопените маршмелоу колачиња и мешајте сè додека не се спојат целосно. Изматете го кремот, додадете го во мешавината и на крајот дозволете ѝ да се олади.
Откако ќе завршите со печењето на колачињата оставете ги да се оладат пред да ги обложите со филот. Потоа нанесете го филот рамномерно на ладните колачиња. За декорација додадете и мини чоколадни топчиња или чоколадни трошки. Завршените колачиња ставете ги во фрижидер и по еден час ќе бидат подготвени за сервирање. За дополнителна декорација додадете и шлаг пена со неколку зрна еспресо.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.