Овие работи можат да ги разберат само оние личности што сакаат кафе
Можете да го замислите вашиот живот без Интернет, без струја и вода, во некоја џунгла, сместени во шатор – дури можете да пронајдете возбуда, задоволство во совладувањето на препреките и организирањето на вашето опстанување, но сигурно не можете да го замислите вашиот живот без кафе. И не се обидувајте, бидејќи тоа не е никаков предизвик, тоа е казна, патење, ужас. И во сред шума, на огнот кој самите сте го запалиле од дрвата кои самите сте ги собрале во шумата, вие ќе ги организирате сите средства и ќе сварите кафе за да уживате. Ако некој ви го одзеде тоа задоволство и уживање, ќе ви зададе тежок удар во вашата смисла на животот.
1. Кафето значи мир и уживање
Вие можеби ги практикувате вашите ритуали со кафето еднаш или двапати во текот на денот, бидејќи тоа што го обожавате овој пијалак не значи и дека го консумирате постојано на работа, стоејќи, во брзање, и така натаму. Количината на испиеното кафе нема никаква врска со уживањето, туку тоа се крие во фактот што точно значи кафето за вас. Најважни се моментите кои ги поминувате уживајќи сами со себе, подготвувајќи се за денот којшто следува, или пак за вечерта која носи свои настани.
2. Мирисот на кафето
Турско кафе, сварено во ѓезве – ништо на светот не мириса така! Докажано е дека мирисите се директно поврзани со емоциите и за вас мирисот на кафе е мирис на чиста среќа. Проверете се – дали некогаш сте почувствувале мирис на кафе, а да не ви се појавила насмевка на лицето?
3. Раскошот на леденото кафе
Луѓето кои вистински уживаат во кафето не пијат само еден вид, бидејќи тие сакаат да уживаат во различни вкусови. Спремањето кафе е задоволство кое можете да си го приредите во рок од 30 секунди, со густа пена, мраз, шлаг, цимет и чоколаден прелив. Тоа не е само кафе, тоа е раскош, задоволство, перфекција…
4. Вашата посебна шолја за кафе
Тоа е таа шолја во која кафето има посебен вкус, подобро отколку во која било друга. Исто како гравот кој има подобар вкус кога ќе го запечете во глинена тава, отколку во обична. Можеби ова е само замисла, а можеби и не. Но, секој вистински следбеник на ова кафеаво уживање сака своето кафе да го пие од таа посебна шолја. Можеби токму од некоја глинена, уметничко изработена, уникатна и секако, од два децилитри. Кој уште пие кафе од филџан? Незамисливо!
5. Вашата посебна чаша за ледено кафе
Да, тоа е онаа чаша за спремање кафе, со големина на кригла, бидејќи во неа треба да има место и за дебелиот слој пена (а можеби и шлаг), за млекото, цевчето, лажичето кои треба да се гледаат, а да не бидат преплавени со содржината. Значи, три децилитри, најмалку, но доволно широка да изгледа како чаша, а не како вазна. Иако, некои вазни изгледаат како совршени чаши за кафе. Кога ќе ја пронајдете вашата чаша, за спремање на кафе, купете барем три исти такви, бидејќи чашите се кршат, а со тоа се крши и вашето срце.
6. Кафето за време на викендот
Кога не морате да станувате и да се подготвувате за работа, кафето добива дополнителна смисла, мир и уживање, бидејќи може да траат со часови. Можете да го пиете во креветот, без никакво брзање. Понекогаш, кога ќе се разбудите насмеани, бидејќи сте свесни дека воопшто не мора ни да станете, тогаш се расонувате веднаш за да пиете подолго време кафе. Честопати едно кафе не е доволно и тогаш ќе ја дуплирате дозата. Дуплирана доза од раскош и уживање. Можете да испиете едно сварено, па филтер и потоа да спремите едно ледено кафе како десерт.