Освен за будење, за што друго може да ви служи кафето?
Најпрво, кафето постои за да го разубави нашето секојдневие и да ни ја даде потребната енергија за да го преживееме денот. Но, постојат и други негови намени кои можат да ви го олеснат секојдневието. Погледнете дел од нив…
Спречете ги непријатните миризби во замрзнувачот – Доволно е само да ставите малку мелено кафе во кутија за маргарин со дупчиња на капакот, со цел тоа да ги апсорбира сите непријатни миризби во замрзнувачот.
Помогнете им на билките да оживеат – Свежото мелено кафе може да се користи како ѓубриво за растенија кои обожаваат киселина, како што се ружата и камелијата.
Направете домашен сапун – Кога правите домашен сапун, слободно во него ставете и малку мелено кафе. Сапунот ќе биде многу поквалитетен, поефикасен и секако ќе ја има неверојатната арома на кафето.
Решете се од миризбата на храна на рацете – Ако ги протриете рацете со мелено кафе и потоа ги измиете со вода, тие целосно ќе ја изгубат непријатната миризба од храната како што ја остава таа од лукот.
Избркајте ги мачките од цвеќињата – Кафето измешано со кора од портокал, наредено на дното крај растенијата, ќе служи како одличен начин да ги избркате мачките од нивна близина.
Исчистете ги тенџерињата и тавите – Кафето може да се користи и за отстранување на најтврдокорните наслаги на садовите за готвење, кои се нечисти или изгорени. Но, внимавајте да не го нанесете на оние садови кои се чувствителни на гребење.
Нахранете ги билките – Азотот во кафето помага при растот на растенијата и може да служи како нивна храна.
Отстранете ја миризбата од обувките – Меленото кафе има моќ за само една вечер да ја отстрани лошата миризба од вашите патики. Тоа исто така може да ви помогне и со миризбата во вашиот шкаф.