Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Во зимските ноќи очајно ни е потребно нешто што ќе нè стопли и загрее. Особено кога го прославуваме дочекот на новата година. Ова се неколку коктели со кафе кои ќе им дадат посебен шмек на зимските ноќи. Може да ги приготвувате во секаква прилика за да ја подобрите атмосферата на забавата.

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Бел руски коктел

Потребни состојки:
  • 40 мл калуа
  • 40 мл вотка
  • 80 мл пола-пола
  • 40 мк Кока-кола
  • Неколку коцки мраз (по желба)

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Калуата и вотката ставете ги во чаша, потоа додадете ја целата количина на пола-пола и Кока-кола. Измешајте полека. Доколку сакате, може да додадете неколку коцки мраз.

Време на подготовка: 5 минути

Коктел Црна вдовица

Потребни состојки:
  • 3 дела вотка со вкус на ванила
  • 1 дел црн ликер со вкус на анасон
  • 1 дел подготвено еспресо

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

* Сами одберете колкава количина од состојките ќе додадете во коктелот, само внимавајте да додадете три пати повеќе вотка отколку другите состојки.

Начин на подготовка:

Во шејкер за коктели, налејте ги сите состојки, а може да додадете неколку коцки мраз. Протресете додека добро се измешаат и сервирајте во чаша за мартини.

Време на подготовка: 2 минути

Мексиканско еспресо мартини

Потребни состојки:
  • 60 мл вотка со вкус на чоколадо
  • 20 мл ликер со вкус на кафе
  • 20 мл ракија од цимет
  • 15 мл чоколаден ликер

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во шејкер за коктели врз неколку коцки мраз. Промешајте и сервирајте го во заледена чаша за мартини.

Време на подготовка: 5 минути

Мексиканско кафе со текила

Потребни состојки:
  • 30 мл калуа
  • 15 мл текила
  • 170 мл жешко инстант кафе
  • Шлаг (по избор)

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Во чашата која сте ја избрале за сервирање, ставете ги калуата и текилата. Потоа додадете го и кафето. За крај, додадете и шлаг одозгора, а над шлагот може да наросите цимет.

Време на подготовка: 5 минути

Мокачино мартини

Потребни состојки:
  • 40 мл вотка
  • 40 мл ликер Creme dе Cacao
  • 30 мл калуа
  • 15 мл ликер со вкус на портокал
  • Коцка мраз
  • Парче портокал

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Налејте ги состојките во шејкер, добро протресете и сервирајте во чаша за мартини, потоа додадете парче портокал како декорација. Доколку немате шејкер, ставете ги состојките во чашата и промешајте.

Време на подготовка: 2 минути

Каллива калуа

Потребни состојки:
  • 15 мл калуа
  • 15 мл ликер од ирски крем
  • 15 мл вотка
  • 30 мл млеко

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки заедно и додадете мраз по желба.

Време на подготовка: 2 минути

Велвет мартини

Потребни состојки:
  • 30 мл вотка
  • 30 мл чоколаден ликер
  • 30 мл ликер од кафе (Калуа)

Новогодишни алкохолни коктели со кафе

Начин на подготовка:

Сите состојки налејте ги во шејкер за коктели и додајте мраз. Добро измешајте и сервирајте во чаша за мартини. Декорирајте по желба.

Време на подготовка: 6 минути

Други рецепти за коктели:

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар