Науката вели дека зависноста од кофеин може да влијае врз слухот
Кога станува збор за излегување во текот на работната недела, сите знаеме што се случува и кои се последиците. Без разлика дали ќе ја поминете ноќта во танцување и пеење или пак, пиејќи пиво со пријателите во локалниот бар, наредното утро воопшто нема да ви биде лесно.
Откако конечно ќе се натерате да се истркалате од кревет, уморни како никогаш досега, првото нешто што ќе го направите се неколку литри кафе со чија помош се надевате дека ќе го истуркате денот до крај. Но, изгледа дека токму брзото расонување со помош на кафето може да ви направи повеќе штета отколку добро.
Една неодамнешна студија им носи лоши вести на сите љубители на гласната музика кои не можат да живеат без кафе во раните утрински часови. Истражувачите откриле дека консумирањето кафе по слушањето гласна музика, може трајно да го намали вашиот слух.
За целите на експериментот, научниците поделиле албино морски прасиња во 3 групи, кои потоа биле изложени на 110-децибални звуци, кофеин или и двете. За време на 15-дневниот експеримент, морските прасиња пиеле кафе секој ден и добивале едночасовна „акустична престимулација“ (со други зборови, изложеност на силни звуци) за време на првиот и осмиот ден од испитувањата.
Тие откриле дека морските прасиња кои биле изложени и на кофеин и на силни звуци, многу побавно заздравувале од другите 2 групи. Но, тоа не е сè. Не само што нивниот слух многу побавно заздравувал, туку тие исто така доживеале и загуба на слухот.
Резултатите јасно покажуваат дека единствениот начин да го заштитиме нашиот слух е доколку не пиеме кафе дента откако сме биле изложени на гласна музика во текот на целата ноќ.
Се надевам дека кафето нема да ме убие lol