Научниците откриваат: Кофеинот нема никаков ефект по 3 ноќи недоволно спиење
На сите ни е позната старата вежба: Не спиете цела вечер или спиете само неколку часа, пиете кафе, се чувствувате подобро, па повторувате. Но, можеби и не треба толку да брзаме кога станува збор за кафето како универзален лек за поспаноста. Според новите научни истражувања, ваквата формула функционира само за првите 2 вечери, а по 3-тата вечер слаб сон, кафето нема никаков ефект.
Истражувањето вклучувало 48 учесници кои се ограничиле на 5 часа сон, 5 вечери по ред. Половина од испитаниците зеле плацебо, а другата половина се пиеле една голема шолја кафе, два пати дневно. За првите 2 дена, групата која консумирала кофеин имала подобри резултати и покажале посреќни чувства, отколку групата која зела плацебо.
Но, по 3 дена, и двете групи покажале полоши резултати каде менталната свесност значително се намалила и скоро сите испитаници биле малку нервозни. Единствената позитивна страна која ја извлекле научниците бил фактот што кафето има добар краткорочен ефект, но на долгорочен план спиењето треба да биде вистинскиот приоритет.