Направете кафе „Шакерато“ за 5 минути: Рецепт за кремасто кафе без млеко
За „Шакерато“ не се потребни многу состојки, само кафе и мраз, а може да си играте и со други адитиви како слатки сирупи и додатоци или алкохол.
Можете да добиете пенест крем врз еспресото и без млеко или апарат за кафе. Италијанците ја усовршиле уметноста за подготовка на убаво кафе на секој можен начин, а нивниот омилен летен пијалак е еспресо „Шекерато“, идеален за секој кој сака да ужива во вкусот на силната арома.
Кафето „Шакерато“ добро одговара со сладолед од ванила или шлаг, а Италијанците, исто така, го послужуваат и со парче лимон. Традиционално се става во чаши за шампањ или мартини, а најубав украс врз цврстата пена се зрната кафе.
Потребни состојки за еспресо „Шакерато“:
- 2 кратки еспреса
- 1 лажичка шеќер
- 4 коцки мраз
Начин на подготовка:
- Направете еспресо и во него растопете го шеќерот.
- Наполнете го шејкерот со мраз, па додајте го еспресото.
- Тресете силно 30 секунди, па сипете го кафето во изладени чаши.