Највкусната шолја за кафе во светот
Прво го пиете вашето утринско кафе, а потоа… Па, потоа ја јадете шолјата за кафе! Оваа неверојатна идеја е на дизајнерот Енрике Луис Сарди кој заедно со тимот на Лаваца ја креирале највкусната шолја за кафе во светот.
Оваа уникатна шолја дефинитивно е генијален изум кој секој страсен љубител на кафето веќе подолго време длабоко во себе го посакува – нејзината надворешност е составена од колаче, додека пак внатрешноста е обвиена со леден шеќерен слој. Тој има двојна употреба – истовремено овозможува изолација на колачето (го прави водоотпорно) и го засладува вашето кафе.
Постојат гласини дека ќе има ваков вид шолји за кафе и со чоколадна внатрешност, но во моментов сè што ни преостанува е да почекаме и да се надеваме дека во многу брзо време ќе ни бидат достапни и на нас, кафехоличарите од Македонија. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.