Најсилното кафе на светот
Вистинските љубители на мирисот и вкусот на кафето се предизвикани да го пробаат „Death Wish“ – најсилното кафе на светот. Според производителите се работи за сериозно кафе кое е добиено од зрна кои содржат 200% повеќе кофеин од кафето кое вообичаено го купувате од продавница.Бидејќи темно печените кафиња имаат помалку кофеин од светлите како резултат на неговото губење во процесот на печење, компанијата која го произвела „Death Wish“ имала мисија да пронајде зрна со повисок процент на кофеин, кои потоа ќе ги обработува на начин кој овозможува задржување на моќноста, вкусот и темната боја. Како резултат на тоа, настанало ова кафе, кое човек треба да има храброст да го проба. Доколку сте заинтересирани, можете да го купите за 20 долари за 450 грама.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
I kako da se nabavi cudovo?
Bas bi sakal da go nabavam, ama ako me krstat nasive so carina ke bide fino 😀
Sakam da probaam