Најголемата слика во светот направена од зрна кафе
Рускиот артист Аркади Ким го претстави најголемиот мозаик во светот, изработен од зрна кафе. Тој е наречен „Awakening“ (Будење), а се наоѓа во Паркот Горки во Москва, Русија.Целта на Аркади Ким му била да го надмине претходниот светски рекорд за фреска изработена од зрна кафе, која неодамна ја постави албанскиот артист Саимир Страти. Маестралното дело зафаќа површина од околу 30 метри квадратни, а тежи 180 килограми, што е значително повеќе во однос на делото на Саимир (25 м2, 40 кг). Ова на Ким му овозможи да биде забележан во Гинисовата книга на рекорди, како автор на најголемата фреска направена од зрна кафе.Ким, заедно со 5 асистенти, рачно го изработувал делото 12 дена. Тие притоа ги печеле зрната кафе за да добијат различни нијанси и потоа едно по едно ги лепеле на огромна плоча. За оваа работа тие употребиле без малку 1 милион зрна кафе. Оваа величествена слика со мирис на кафе ќе биде достапна за јавноста до 1 јули.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
каде се наоѓа ова ?
Паркот Горки во moskva rusija