Претходно
Наједноставниот кафе коктел за енергична викенд забава
Зачинете ги нештата овој викенд со одличен кафе коктел!
Потребни состојки:
- 120 милилитри силно црно кафе
- 30 милилитри ликер од кафе
- Ледени коцки
- Шлаг пена
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки освен шлаг пената во блендер и матете на висока брзина сѐ додека не добиете хомогена смеса. Сипете во чаша, декорирајте со шлаг пената и послужете.