Најдобрите кафе барови во Њујорк
Сигурно сте се запрашале каде најчесто одат Њујорчаните на кафе и колаче и кои се оние кафе барови каде туристите уживаат во вкусно кафе во текот на денот. Погледнете ги десетте најдобри кафе барови во Њујорк, каде воедно и се продаваат најразлични видови кафе во зрна.
1. McNulty’s Tea & Coffee (Вест Вилиџ) – Тука струи енергија од педесетите, која одлично оди со модерна кофеинска доза.2. El Beit (Вилијамсбург) – Кафиња и цедени сокови. Рок музика. Одлична атмосфера. 3. Abraco (Ист Вилиџ) – Удобно катче за сериозните љубители на кафе. 4. Beanocchio Café (Апер Ист Сајд) – Слатки, омлети и сендвичи кои супер се дополнуваат со кафе и лаптоп со интернет конекција.5. Zibetto Espresso Bar (Апер Вест Сајд) – Пријдете кон барот и нарачајте си кафе. Ова е место каде што секојпат сте добредојдени.6. Ashbox (Вилијанмсбург) – Место каде што можете да пиете добро кафе и ладни пијалоци, во мирна атмосфера.7. Porto Rico Importing Company (Сохо) – Одлична продавница за да купите квалитетно кафе во зрна. Голем избор на кафиња, чаеви, колачиња и најразлични сирупи. Супер место за попладневно кафе.8. Casa Cupcake (Гармент Дистрикт) – Рустичен стил со сончогледи и антички рерни. Лоцирано во помалку населено место кое гарантира спокојство и уживање. Препознатлив по тортички какви што не сте пробале.9. Housing Works (Сохо) – Топло, вкусно кафе. Одлична библиотека. Бесплатен WiFi. Зарем треба нешто повеќе?10. Café Reggio (Вест Вилиџ) – За неодоливиот шарм на овој кафе бар ќе ви потврдат туристите. Прекрасно капучино. Ноти на оперски арии низ локалот. Панини и најразлични слатки кои се дел од менито. Совршено.Ако ве однесе патот во Њујорк, знаете каде да го пиете вашето омилено кафе во омилениот дел од денот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Café Reggio the best