Најдобар природен антиоксиданс на светот: Го заштитува телото од тешки болести
Редовното консумирање на овој пијалак го намалува ризикот од Алцхајмерова болест, рак на грлото и го намалува ризикот од појава на дијабетес. Антиоксидансите се природни материи во храната, кои го чуваат здравјето и го штитат организмот од слободни радикали. Тие се особено важни за нашиот имунолошки систем и сосема е јасно дека треба да ги внесуваме во што поголема количина. Колку појак имунитет имаме, толку сме поотпорни на настинки, вируси, бактерии, но и на потешките заболувања, како што е ракот.
Истражувањата покажуваат дека во кафето се наоѓаат голем број антиоксиданси. Сепак, лоши вести се што научниците и натаму бараат начин да ги изолираат од кафето и да ги искористат на најдобриот начин. Исто така, познато е дека кафето е диуретик и дека ја ослободува водата од организмот. Тоа се наоѓа на списокот со продукти кои се борат против ракот. Различни студии го поврзуваат кафето со намалување на ризикот од добивање рак на црниот дроб, дојките, простатата, меланом…
Според некои истражувања, мажите кои пијат шест или повеќе шолји кафе дневно имаат 60% помал ризик да заболат од најсмртоносната форма на карцином – рак на простата и 20% помал ризик за заболување од која било форма на карцином на простатата, во споредба со мажите кои не пијат кафе.
Една студија направена од Универзитетот во Јута, покажува дека консумацијата на кафе го намалува ризикот за заболување од Алцхајмерова болест, рак на вратот и го намалува ризикот од појава на дијабетес.
Но, не заборавајте: На секоја шолја кафе, би требало да испиете најмалку четири чаши вода.