Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

Дали кафето е изворот на вашата енергија или ви предизвикува непријатности? Ако се пронајдовте во првата категорија, тогаш спаѓате во мнозинството. За повеќето луѓе, една шолја кафе не прави ништо повеќе од овозможување дополнителна енергија кога им е најпотребна. Но, изгледа мал процент луѓе не можат да се справат со неговите ефекти, па тоа им предизвикува големи главоболки и неправилно биење на срцето.

Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

Според експертот за здравје и автор на голем број книги, д-р Мајкл Ројзен, вашиот метаболизам може да игра клучна улога во оваа необична реакција на омилениот утрински пијалак. Тој објаснува точно со кои симптоми ќе се соочите доколку сте почувствителни на кофеин.

„Ако пиете нормална шолја кафе, околу 230 милилитри, кое е филтрирано, во текот на еден час и не добиете главоболка или болки во желудникот, ниту пак почувствувате неправилна работа на срцето и анксиозност, тогаш големи се шансите дека вашиот метаболизам е брз и дека ќе ги искористите придобивките од кофеинот.“

Околу 88% од луѓето имаат брз метаболизам, па затоа и слободно уживаат во придобивките на пијалаците со кофеин, кои пак, го намалуваат ризикот од Алцхајмерова и Паркинсова болест, дијабетес тип 2 и неколку видови рак.

(2) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам

Но, останатите 12% од популацијата имаат бавен метаболизам, што значи дека кафето кај нив ќе предизвика мноштво негативни ефекти, кои ги надминуваат долгорочните придобивки.

Во секој случај, големи се шансите дека припаѓате во категоријата на личности со брз метаболизам, па затоа сега имате и уште причина повеќе да го пиете вашиот омилен пијалак. Сепак запомнете, без разлика колку уживате во кофеинот, треба да престанете со пиење најмалку 3 часа пред да си легнете бидејќи во спротивно, тоа може да го наруши вашиот циклус на спиење.

(3) Начинот на кој реагирате на кафето може многу да ви каже за вашиот метаболизам


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар