На кафе во Прага

На кафе во Прага

Автор: Александра Чакаровска

Кафетериите во Прага, главниот град на Р. Чешка, постојат уште од 19-иот век. Во тоа време биле главни центри на собирање на прашките интелектуалци, кои покрај дневниот весник задолжително имале и шолја кафе. Некои од овие кафе барови се зачувани до денес и привлекуваат многубројни туристи, токму поради нивната специфичност.На кафе во ПрагаДенешна Прага нуди многубројни кафе барови, каде освен добро кафе можете да пробате и вкусен десерт. По долгите прошетки низ магичните прашки улици, направете кафе пауза во едни од најпознатите кафе барови во Европа.

Славија (Slavia)

Целата прекрасна атмосфера во Прага може да се долови токму од овој кафе бар. Славија е едно од најпознатите туристички места во Прага, кое освен добро кафе нуди и прекрасен поглед кон Прашкиот замок, Карловиот мост и Националниот театар. Ова место постои уште од 1884 година и било центар за собирање на сите познати писатели, интелектуалци и актери во Прага. Поранешниот претседател на Р. Чешка, Вацлав Хавел, во времето на својата младост бил редовен гостин.На кафе во Прага

Лувр (Louvre)

Ова место е познато по тоа што често го посетувале значајни личности како Франц Кафка, Алберт Ајнштајн и многу други. Уреден во француски стил, Лувр е задолжително место да се види доколку се наоѓате во Прага. Освен многуте варијанти на кафе, овде можете да вкусите и прекрасни десерти. Сепак, она по што овој кафе бар е познат е топлото чоколадо, кое со сигурност може да се каже дека е најдоброто во Прага.На кафе во Прага

Глоуб (Globe)

Кафе барот Глоуб е вистинско место каде можете да избегате од прашкиот метеж и да се релаксирате со некоја книга, пиејќи го вашето омилено кафе. Ова место истовремено е  книжарница и кафе бар, кое освен добро кафе нуди над 10,000 наслови на книги. А во случај да огладнете, од менито можете да изберете интересни закуски и десерти.На кафе во Прага

Ориент (Grand Café Orient)

Овој кафе бар е уникатен по својот внатрешен декор, бидејќи е изработен во стилот на кубизмот. Сместен во центарот на Прага, Ориент е прекрасно место да направите кафе пауза од долгите прошетки низ градот. За подобар поглед на Прага, препорачуваме да седнете на една од терасите. Под кафе барот се наоѓа продавница со предмети во кубистички стил, каде можете да се подновите со некој сувенир.На кафе во Прага


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Франц Кафка e roden vo praga 😀

Остави коментар