Мозаик направен од 1 милион зрна кафе
Наместо од нив да си прави утринска шолја кафе за расонување, уметникот Саимир Страти од зрната кафе изработува масивен мозаик. Верувале или не, овој мозаик ќе биде направен од точно милион зрна кафе. На него се прикажани 5 карактери, а секој од нив претставува различен континент. Неговата цел е да го прикаже чувството на единство во светот.Страти живее во Тирана, Албанија, а неговиот проект е распослан на површина од 25 квадратни метри и тежи околу 140 килограми. Тој сака да го заврши своето дело до 12 декември 2011 година и повторно да влезе во Гинисовата книга на рекорди. Тој претходно има поставено рекорди и за други креации.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.