Претходно
Мокачино со банана и карамела
Кафе-десерт кој ќе ја задоволи вашата сласт и ќе ја разгори вашата страстПотребни состојки:
- половина банана
- 1 топка сладолед од карамела
- 1 ладно еспресо
- 100 мл ладно млеко
- 3 коцки мраз
- ¼ лажиче какао
- ¼ лажиче цимет
- шлаг (за декорација)
- прелив од карамела (за декорација)
- толчени незасолени кикирики (за декорација)
Начин на подготовка: Сите основни состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете убава хомогена смеса. Добиеното кафе сипете го во висока стаклена чаша и декорирајте со шлаг, толчени кикирики и прелив од карамела по избор и вкус.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.