Претходно
Мока од бело чоколадо
Богат и енергичен вкус за во било кој дел од денот
Потребно време за подготовка: 10 минути
Потребни состојки:
- 150 мл млеко
- 100 мл свежо сварено црно кафе
- 6 супени лажици трошки од бело чоколадо
- шлаг
- додатоци по избор
Начин на подготовка: Во ѓезве искомбинирајте ги млекото и трошките од бело чоколадо и подгревајте ги на млака температура, додека чоколадото не се растопи целосно. Кафето сипете го во шолја и одозгора додадете ја комбинацијата од млекото и трошките од бело чоколадо. За декорација ставете од шлагот и по избор додадете мрвици, чоколаден прелив, сируп од карамела или јагода или нешто друго по ваш вкус.