Претходно
Мока фрапучино
Датум: 26 јан 2011
Коментари: 0
Ова кафе својата популарност ја доби од најпопулраниот ланец на кафиња Старбакс. Одлично е за оние кои го сакаат кафето ладно и слатко. Уште ако на крајот го зачините со малку шлаг и какао, ќе заличи исто како да сте го купиле во Старбакс.За едно кафе потребно е:
- 1 1/2 коцки мраз
- 3/4 шолја млеко
- 1 лажица еспресо измешана со 1/4 шолја жешка вода
- 1 лажица шеќер (повеќе или помалку по вкус)
- 2 лажици чоколаден сируп
- шлаг (по желба)
Во блендер измешјате ги мразот, млекото, еспресото, шеќерот и чоколадниот сируп. Претурете го кафето во голема чаша. По желба, декорирајте со изматен шлаг и какао врз шлагот.